Поради миграцијата забележан раст на населението во Словенија

Од:

Расте бројноста на населението во Словенија, а тоа пред се должи на миграцијата, објави Словенечката информативна агенција СТА.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, во јануари оваа години во државата имало 2.095.861 жител, што е за 14.953 или 0,7 отсто повеќе од истиот период лани.

Бројот на Словенечките државјани се намалува, а се зголемува бројот на на странските кои масовно доаѓаат да живеат и работат во земјата. Така, во 2019 години, бројот на словенечки државјани паднал за 3.205 или за 0,2 отсто во споредба со минатата 2018.

Во 2020 години во Словенија живеат вкупно 156.351 странски државјани, што претставува 7,5 отсто од целото население.

Според податоците кои ги објави СТА, во Словенија живеат повеќе жени од мажи.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски