Бројот на лица кои годинава се уапсени во Грција поради илегален влез во земјата е петпати поголем во споредба со истиот период лани, соопшти грчката полиција.
Весникот „Катимерини“ објави дека во периодот јануари-јули годинава грчката полиција и крајбрежаната стража привеле вкупно 156.726 лица, кои на илегален начин пристигнале во Грција.
Во истиот период лани, бројот на уапсените лица кои илегално влегле во Грција изнасувал 32.070.
Досега рекордна година на уапсени илегални имигранти и бегалци во Грција во последнава деценија беше 2008-та, кога беа приведени 146.337, што е за над 10.000 помалку од првите седум месеци годинава.