Поради електронско музичко помагало речиси два часа беше затворен граничниот премин “Обрежје”

Од:

Електронско музичко помагало е причината поради која денес речиси два часа беше затворен граничниот премин “Обрежје” на хрватско-словенечката граница. По деталниот преглед на торбата на руски државјанин, кој со автобус патувал од Загреб до Торино, словенечката полиција констатирала дека не се работи за бомба како што првично се претпоставуваше, туку за музичко помагало.

Торбата и музичкото помагало се на рускиот пијанист Андреј Гугнин кој беше приведен. Веднаш по расчистувањето на случајот и повторното отворање на граничниот премин, тој за словенечките медиуми изјави дека ова првпат му се случува.

-Искрено, не ги обвинувам полицајците, да бев на нивно место и јас така ќе реагирав – изјави Гугнин.

Тој на социјалните мрежи објави и фотографија од музичкото помагало и детално го опиша несекојдневниот настан. Гугнин напиша дека речиси два часа без задржан од полицијата со лисици на рацете врзани одзади. Барал да му се објасни зошто е проведен, но како што вели никој ништо не му кажал. Тој ги предупреди своите колеги дека истото може да им се случи и нив и ги посоветува ваквите музички помагала да ги носат на места кои се лесно достапни за проверка.

Гугнин вели дека откако се утврдило дека не се работи за бомба, словенечките полицајци му се извиниле, му понудиле кафе и биле многу пријателски настроени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија