Поништена уредбата за изедначување на партизаните и четниците во Србија

Од:

Уставниот суд на Србија во саботата ја оцени за неуставна одредбата на српската влада од 17-ти јуни 2005 година со којашто на припадниците на четничкото Равногорско движење им е признато учеството во Народноослободителната борба (НОБ).

Меѓутоа, српскиот уставен суд одлучи дека право на „Равногорска споменица” имаат сите коишто ќе докажат дека до крајот на 1941 стапиле во Равногорското движење и не го напуштале до крајот на војната во 1945 година.

Во соопштението на уставниот суд се потврдува дека на седница дека начинот на утврдување на статусот на борците од НОБ и ОДредбата за начинот на остварување на права на припадниците на Југословенската војска во татковината и Равногорското движење во сферата на боречко-инвалидската заштита не се во согласност со уставот и законите.

Оваа одлука значи дека на припадниците на Равногорското движење, коишто во Втората светска војна ги предводел четничкиот командант Дража Михајловиќ, им е скратено правото на боречки додаток, лична инвалиднина, додаток за нега и помош, ортопедски додаток, правото на бањско и климатско лекување на трошок на државата и правото на ортопедски и други помагала.

Меѓутоа, припадниците на четничкото Равногорско движење и натаму имаат право на пензија и професионална рехабилитација.

Четниците од Втората светска војна имаат право на добивање на Равногорската споменица 1941, а услов за тоа да станале припадници на Југословенската војска во татковината, како што официјално се нарекувале тие четнички формации, во периодот од 7-ти април до 31-ви декември 1941 година.

Според белградските медиуми кои се повикуваат на неофицијални податоци, до 31-ви јули 2007 година, кога беше крајниот рок за добивање статус, барање поднеле околу три илјади лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски