Помпео: Наскоро очекувам решение за санкциите на САД кон Турција

Од:

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Анкара изјави дека очекува наскоро да биде најдено решение за санкциите на САД кон Турција.

Дел од овие санкции беа воведени поради приведувањето на американскиот пастор Ендрју Брансон во Турција, кој пред неколку дена беше ослободен од домашен притвор и веќе се врати во САД.

– Ние ќе донесеме решение за ова прашање за брзо време, изјави Помпео по средбите во Анкара со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Како што соопшти претходно Стејт департментот, главна тема на средбите на Помпео со неговите турски домаќини бил случајот со исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги.

Кашоги исчезна на 2 октомври откако отиде во Саудискиот конзулат во Истанбул за да обезбеди документи за неговата венчавка, по што му се губи секоја трага. Постојат сомнежи дека Кашоги бил убиен во Конзулатот.

Според Стејт департментот, на средба со Чавушоглу, Помпео побарал да бидат ослободени сите државјани на САД уапсени во Турција, меѓу кои и поранешниот научник на НАСА со турско потекло Серкан Ѓолге.

Ѓолге беше уапсен при посета на неговото семејтсво во Турција, под сомнеж дека е приврзаник на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за преврат во 2016 година. Иако Ѓолге ги отфрли ваквите обвиненија, сепак беше осуден на 7,5 години затвор. Минатиот месец затворската казна му беше намалена на пет години.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД