Помалата сестра на масовниот убиец Кецмановиќ била во училница недалеку од онаа во која убивал: „Се знае и не престанува да плаче“

Од:

Помладата сестра на момчето масовен убиец, 13-годишниот Коста Кецмановиќ оди во истото основно училиште и во моментот на масакрот била во училницата недалеку од онаа во која убивал нејзиниот брат.

Според медиумите, десетгодишното девојче во придружба на психолози и социјални работници било префрлено во семејството на блиски роднини, каде што ќе престојува во следните неколку дена.

Таткото на убиецот Коста Кецмановиќ, како сопственик на оружјето со кое го изврши масакрот, е уапсен и задржан во притвор, а мајката вчера цел ден го поминала во полиција каде по наредба на обвинителството била на распит.

– Помладата сестра на момчето-убиец е во многу тешка состојба, не престанува да плаче, била на училиште кога се случило се и знае се… Префрлена е во семејството на блиски роднини каде ќе остане извесно време. Обезбедена и е стручна поддршка од психолози, педагози и лекари – соопштија од надлежната социјална служба.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски