Половина милион лажни евра запленети во Романија

Од:

Во Романија се запленети речиси половина милион лажни евра, а власта со поддршка на европската полициска агенција Европол разби организирана криминална група која фалсификувала евра и романски леи.

Како што соопшти Европол, во вчерашната спроведена акција се уапсени десет осомничени лица, шестмина се ставени под полициски надзор, претресени се 28 куќи и запленети се речиси 450.000 фалсификувани евра во апоени од 50, 100 и 500 евра.

Запленети се и 16.000 вистински евра и леи, како и одредено количество кокаин и канабис.

Во соопштението се наведува дека криминалната група била активна три години, а фалсификуваните пари ги пласирала во неколку земји на ЕУ, како што се Австрија, Белгија, Германија, Грција, Италија, Литванија, Холандија, Романија, Словачка и Шпанија.

Во акцијата учествувале безбедносните сили на Австрија, Белгија, Германија и Шпанија, а во истрагата помогнала и Европската централна банка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Романскиот Трамп“ и градоначалникот на Букурешт во вториот круг претседателски избори

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Дан: Романија поминува низ тежок период

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски