„Политика“: Од Црна Гора ќе бидат протерани најмалку 50 свештеници и монаси на СПЦ

Од:

Над 50 свештеници, монаси и монахињи и членови на свештенички семејства од редовите на Српската православна црква (СПЦ) остануваат без дозвола за престој во Црна Гора, при што на околу 30 веќе им е даден рок од еден месец да ја напуштат државата, додека за останатите се очекува истото, изјави протојереј-ставрофор Велибор Џомиќ.

– Налогот на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, со кој се откажува гостопримството на повеќе од 30 нерезидентни свештеници и монаси кои служат во една од четирите епархии на Српската православна црква во државата Црна Гора, претставува продолжение на незаконски дејства со кои се продолжува прогонот на свештенството и монасите, изјави Џомиќ за „Политика “.

Тој оцени дека таквата одлука на црногорското МВР не е правна, туку политичка, дополнувајќи дека сите поднесени жалби се одбиени.

Би можело да ве интересира

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“