Припадници на косовската полиција од утрово патролираат во северниот дел на Косовска Митровица. Пред нешто повеќе од половина час во населбата „Три Солитера“ се појавиле 15-тина припадници на полицијата.
Како што се наведува, станува збор за редовната полиција. Неколку од нив се спроти просториите на ОИК во Северна Митровица, каде пред два дена беа фрлени рачни бомби.
Во Бошњачка Махала има и десет полицајци.
Околу 300 косовски специјалци придружувани од бројни оклопни возила синоќа влегоа во Северна Митровица од правец на јужна Косовска Митровица. Специјалните сили се распоредија околу градот и го блокираа северниот дел на Митровица.