Полициска акција во Крагуевац: Инспектори упаднаа во куќата на осомничен шверцер и запленија поголема количина на дрога

Од:

Инспекторите на српското МВР во Крагуевац запленија околу 1,8 килограми марихуана и го уапсија С.М.(41) од околината на Крагуевац, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, пишува РИНА.

– При претресот на куќата и другите простории што ги користел пријавениот во околината на Крагуевац, пронашле марихуана која, како што се сомнева, била наменета за натамошна продажба, како и дигитална вага – потврдено е за агенцијата РИНА.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство во Крагуевац.

Би можело да ве интересира

МВР најави кривична за шверцер на брендирана облека

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запленети околу четири тона марихуана во Валандовско

А1он

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски