Организациониот одбор на Парадата на гордоса не планира да ја откаже изложбата на фотографии „Ecce homo“ на која Исус Христос е претставен во штикли и опкружен со трансвестити. Пред Центарот за културна деконтаминација се наредени околу 40 полицијаци наоружани до заби, подготвени за разбивање на демонстрации.
Во Центарот засега е невозможно да се влезе, вратата е заклучена, а влезот е дозволен само за директорката на оваа Установа, Борка Павичевиќ.
Пред Центарот не можат да се приметат ниту претставниците на организаторот на изложбата, ниту од десеничарските организации кои се спротивставија на изложбата на фотографии на шведскиот уметник Елизабет Олсон Валин, на кои Исус Христос е прикажан во женска облека.
Горан Милетиќ од Организациониот одбор на Парадата не смета дека оваа изложба е провокација. Тврдењата на ултрадесничарските организации дека фотографиите ги навредуваат чувствата на сите верници за него е чист обид за манипулација.
„Оваа поставка на фотографии веќе 15 години оди по цел свет и до сега никој не правел проблеми. Единствен пат кога имало реакции на оваа поставка е кога таа беше изложена во Шведска и тоа во црква“, објаснува Милетиќ и додава дека уметникот сакал да претстави дека Бог ги прифаќа сите луѓе без разлика на нивната вера и оринтација.