Почнува тридневната посета на папата на Турција

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска пристигнува во Анкара, со што ја почнува тридневната посета на Турција, во рамките на која ќе ги продолжи напорите за помирување со православието, ќе го отпочне дијалогот со исламот и ќе им даде надеж на христијанските малцинства на Блискиот Исток, чии животи се во опасност.

Зацврстувањето на врските со Православната црква, која се отцепи од Рим со шизмата од 1054 година се очекува да биде главниот фокус на посетата, која ќе трае до 30 ноември, а во рамките на која папата ќе го посети и Истанбул.

Во Анкара верскиот лидер на католиците ќе разговара денеска во претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и со премиер Ахмет Давутоглу. Во Анкара се воведени строги мерки за безбедност, околу илјада полицајци се очекува да бидат распоредени по улиците, по кои е планирано да се движи папата.

Во Истанбул папата ќе пристигне утре. Тој ќе ја посети црквата „Света Софија“, џамијата Султан Ахмет и познатата Сина џамија и ќе отслужи миса во католичката катедрала во Истанбул.

Папата в недела ќе му се приклучи на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во одбележувањето на 30 ноември, празникот на Свети Андреј, светец во правславното христијанство.

Турција е шестото патување во странство на папата, по Бразил, Светите земји, Јужна Кореја, Албанија и Стразбур во Франција. Тој планира во јануари да ги посети Шри Ланка и Филипините. 

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска