Почнува судењето против Ратко Младиќ

Од:

Денеска претседателот на хашкиот судски совет, Теодор Мерон, ги одби барањата на одбраната за одложување на судењето против поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ.

Една година по неговото апсење под обвинение за геноцид во Босна, утре во 9 часот наутро започнува судењето.

Неизвесноста околу почетокот на судењето се должи на барањата од одбраната на Младиќ судењето да започне по шест месеци.

Адвокатите на Младиќ поднесоа две барања за одложување на судењето. Во првото, поднесено во петокот, бараа промена на судијата Орие од судењето против поранешниот воен командант поради можноста тој да биде пристрасен при донесувањето на одлуките поврзани со Младиќ.

Во второто барање, поднесено вчера одбраната приговараше затоа што според нивните тврдења обвинителството не ги доставило сите докази во предвидениот рок.

Мерон денеска ги отфрли и двете барања.

Судењето започнува со воведните зборови на обвинителството, а првиот од 140-те сведоци ќе сведочи пред судот на 29. мај.

Би можело да ве интересира

Ратко Младиќ од притворот во Шевенинген префрлен во болница во Хаг

Ана Ололовска

Кристоф Флуге: Караџиќ и Младиќ би можеле да бидат ослободени

Наум Локоски

Репортер на Би-Би-Си: Младиќ е архетипски психопат

Ана Ололовска

Одбиено барањето на одбраната на Младиќ за одложување на изрекувањето на пресудата

Наум Локоски

Хашкиот суд ќе ја објави пресудата за Ратко Младиќ на 22 ноември

Наум Локоски

Русија даде гаранции за лекување на Ратко Младиќ во Москва

Ана Ололовска