Почнува со работа Факултетот за црногорски јазик и книжевност

Од:

Во Цетиње почнува со работа Факултетот за црногорски јазик и книжевност, формиран со одлука на Влдата на Црна Гора.

Конципиран е како четиригодишни студии засновани на европскиот систем. Студентите ќе може да се определат за научна или наставничка насока.

Во понеделник ќе биде објавен конкурс за упис на студенти за прва година од студиите, јави Танјуг.

Црна Гора е последна од државите од поранешна Југославија која го нормираше својот јазик.

Во Црна Гора досега постоеше само еден Институт за црногорски јазик и книжевност и една студиска програма под назив – Црногорски јазик и јужнословенска книжевност.

Би можело да ве интересира

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски