Почнува антиимигрантската мисија на Фронтекс во Грција

Од:

Агенцијата за контрола на надворешните граници на ЕУ (Фронтекс) од денеска ја започнува својата мисија за спречување на приливот на имигранти во Европа, во чии рамки ќе го засили своето присуство во Грција.

Во рамки на мисијата, наречена „Посејдон Рапид Интервеншн“, во Грција ќе бидат распоредени 376 офицери на Фронтекс и преведувачи.

Меѓу припадниците на Фронтекс ќе има експерти за сослушување, претреси, земање отпечатоци од прсти и за проверка на документи од повеќе земји-членки на ЕУ.

Според податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), оваа година во Европа пристигнаа околу еден милиони бегалци и имигранти, од кои речиси сите преку Грција или Италија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ