Почина војникот кој беше брутално истепан, полицијата го уапси осомничениот за убиството

Од:

Почина Јаков Б.(21), млад војник кој беше брутално претепан ноќта меѓу петокот кон саботата на главниот плоштад во Пожега.

Лекарите во Општата болница во Пожега се бореа за животот на младиот човек, но утринава околу 9.20 часот тој почина од здобиените повреди.

За претепувањето полицијата го приведе 20-годишниот М.К., кој е од истото место со убиениот војник.

Полицијата на Пожега соопшти дека уапсениот му нанел тешка повреда на војникот.

Според неофицијални информации на Јутрањи лист, двајцата биле излезени таа вечер, како и многу пати досега, со оглед на тоа дека заедно растеле и често поминувале време заедно. Засега ништо не се знаат мотивите за инцидентот.

– Заедно пораснаа од мали нозе со разлика од само една година. Се дружеа, споделуваа добро и лошо. Беа неразделни – со неверување раскажуваат мештаните, пренесува порталот Požega.eu.

Двајцата биле и соиграчи во локалниот фудбалски клуб.

Од полицијата велат дека уште го истражуваат нападот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски