Во затворот во Пожаревац, вчера починал Нинослав Јовановиќ, попознат како „Малчанскиот бербер“, објавија српските медиуми.
Тој беше осуден на доживотен затвор за злоупотреба на малолетно девојче од Брзи Брод.
Јовановиќ претходно двапати беше затворен за силување, киднапирање и злоупотреба, еднаш 10 години и втор пат 12 години. Тој ја киднапираше последната жртва на 20 декември 2019 година, на пат кон училиште.
Тој се криеше со неа во напуштени куќи и викендички на потегот од Ниш до Књажевац. Девојчето беше пронајдено на 28 декември 2019 година во Пасјача, во близина на Ниш, по потера во која учествуваа припадници на Министерството за внатрешни работи и на Армијата на Србија, жандармеријата и бројни здруженија на граѓани, ловци и планинари.
Седум дена подоцна, Јовановиќ беше фатен на селските гробишта во неговото родно село Малча.
Јовановиќ беше познат како Малчански бербер затоа што им ја потстрижувал косата на своите жртви.