Вечерва во Загреб, во 77-та година почина легендарниот музичар, кантавтор и поет Арсен Дедиќ. Пред две недели тој беше хоспитализиран во болница во Загреб, по операцијата на колкот.
Состојбата постојано му се влошуваше и тој ја изгуби битката со смртта.
Дедиќ пишуваше и изведуваше шансони, како и филмска музика. Негови книги со поезија се „Брод у Боци”(Кроациа Концерт, Загреб, 1971 , “Хотел Балкан” (Знање, Загреб, 1987)
“101 Пјесма” (Свјетлост, Сараево, 1989).
Дедиќ е роден 1938 година, а освен како композитирот, беше познат и како диригент, книжевник и преведувач.
Арсен Дедиќ е роден во Шибеник, но беше еден од најпознатите хрватски и југословенски музичари.