Почина експретседателот на Србија – Хаг го осуди, па ослободи за воени злосторства на Косово

Од:

Поранешниот претседател на Србија, министер за надворешни работи и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија, Милан Милутиновиќ почина денеска на 81-годишна возраст, соопшти Ивица Дачиќ.

– Ги извршуваше најважните функции во најтешкиот период во историјата на Србија. Моето најдлабоко сочувство до неговото семејство и пријателите. Јавноста ќе биде информирана за датумот на комеморацијата и погребот – изјави лидерот на СПС и министер за надворешни работи на Србија.

Тој беше претседател на Србија од декември 1997 до декември 2002 година. По завршувањето на неговиот претседателски мандат, во декември 2002 година се предаде на Хашкиот трибунал, каде што беше обвинет за воени злосторства за време на конфликтот во Косово и Метохија. Во февруари 2009 година, тој беше ослободен и прогласен за невин по сите обвиненија.

Кога ме ослободија од секаква вина, почувствував дека се преродив, но не за себе, туку за моето семејство. Јас лично не се возбудив затоа што не можеа ништо да ми сошијат иако се обидоа. Потоа кренаа раце“, изјави Милутиновиќ по ослободувањето.

Милутиновиќ е роден на 19 декември 1942 година, во Белград. Неговата сопруга Олга почина во 2017 година, а во брак беа 47 години. Зад себе го остави синот Вељко.

Би можело да ве интересира

Искра Росо: Бев задржана од полицијата во Белград без јасно објаснување, издадена ми е едногодишна забрана за влез во Србија

ВИДЕО: Генерален штрајк, протести и блокади во Србија

Катерина Ѓуровски

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ