Почина еден од ранетите од престрелката во Приштина, меѓу ранетите има и деца

Од:

Кастриот Рамадани (39) им подлегна на повредите откако синоќа беше тешко ранет во кафеана во Приштина, во која беа повредени уште 16 лица.

Докторот Шаќир Ука од Клиниката за интензивна нега потврди дека се работи за 39-годишен маж.

„Еден од повредените почина синоќа. Се работи за 39-годишен маж. Беше на интензивна нега, му беше извршена хируршка интервенција, но за жал утрово почина од тешките повреди“, изјави Ука.

Во престрелката што се случи синоќа во кафуле во центарот на Приштина повредени се 16 лица, од кои четворица од огнено оружје. Повредените се на возраст од 20 до 39 години. Како што пишува Коха, меѓу повредените има и деца.

На пукањето и претходела расправија меѓу две групи млади момчиња.

„Во моментов се идентификувани најмалку двајца осомничени како инволвирани во овој случај, а се работи на откривање на други можни осомничени“, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

Пукање во скопското село Моране, тешко повреден е маж кој е пренесен во болница

Тајната служба застрела маж пред Белата куќа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Осум осомничени за престрелката и убиството во Чаир