Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.
Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишно момче на 3 мај во ова училиште.
Девојчето имаше тешки повреди на главата и покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегна на повредите.
Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази сочувство до семејството на девојчето.
Масакрот во Основното училиште „Владислав Рибмникар“ во Врачар се случи на 3 мај овој час, кога малолетниот К.К. (13) инаку ученик од тоа училиште вооружен влезе во училиштето и најпрвин уби чувар, а потоа уби осум ученици.