Почина бугарскиот патријарх Неофит

Од:

Патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит почина синоќа на 79-годишна возраст по долго боледување, а веста е објавена на веб-страницата на бугарскиот свет синод.

„Браќа и сестри, на 13 март 2024 година, по долго боледување на Воено-медицинската академија (ВМА-Софија) во 22:22 часот, поради повеќекратно откажување на органите почина Неговата Светост Патријархот Бугарски и Митрополит Софиски г.

Неофит, патронот на нашата света православна црква“, се наведува во соопштението, пренесоа бугарските медиуми.

На 29 ноември минатата година Синодот соопшти дека поглаварот на БПЦ се наоѓа во ВМА во Софија, каде што е хоспитализиран поради белодробна болест.

Неофит за патријарх на Бугарската православна црква беше избран во февруари 2013 година.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски