По разорниот, хрватскиот регион Банија погоден од над 900 помали земјотреси

Од:

Подрачјето на Банија, во централна Хрватска, од земјотресот на крајот на декември минатата година, со јачина од 6,2 степени, регистрира повеќе од 900 последователни потреси, поради што речиси 3.000 луѓе се иселија од таа област.

Од нив, два земјотреса беа со јачина од 5 до 6, 13 биле со интензитет од 4 до 5, 101 земјотрес со јачина од 3 до 4 и 814 потреси со јачина од 2 до 3 степени според Рихтеровата скала, објави загрепски Вечерњи лист.

Досега се пријавени 38.000 оштетени објекти, од кои 99 проценти биле во областа Петриња и Глина, додека 92 проценти во Сисак.

Регистрирани се и 109 дупки на површина од 360 хектари.

Вкупно 2.861 лице се иселило од погодената област, пишува весникот.

Најмногу од Петриња – 1.388, нешто помалку од Сисак – 1.136, од Глина 177 лица и од други места 160.

Би можело да ве интересира

Се урна дел од зграда во центарот на Сисак, двајца работници се повредени

Нов земјотрес кај Петриња

Земјотрес во Хрватска, Петриња повторно на удар

Земјотрес од 3,5 степени кај Сисак

Две повозрасни жени лежат во ист кревет во болницата во Сисак: Директорот вели дека кратко траело

Катерина Ѓуровски

Повторно земјотрес во Петриња, бил силен како експлозија сведочат жителите