По оставката, Варуфакис стана хит во Грција

Од:

Јанис Варуфакис, само што поднесе оставка веднаш стана хит и херој во грчката јавност.

Сега веќе екс министерот за финансии, применуваше најостра реторика кон меѓународните кредитори, од што беше јасно дека преговарачкиот тим со него на чело, нема да ги прифати условите за штедење.

Тој се дрзна отворено да ги критикува ММФ, Светската банка и ЕК кои ги нарече „комитет кој почива на трули темели“.

Варуфакис се здоби со симпатиите на Грците откако ја поднесе оставката, се откажа од министерската фотелја и тоа поради неговиот став кој не го менуваше.

Неговите изјави не спаѓаат во стандардната реторика за министер за финансии на земја членкана ЕУ, што предизвика внимание, но најмногу јавноста “падна“ на неговиот стил-кога со кожна јакна, ранец и кацига на главата замина откако одговори на неколку прашања на новинарите.

– Господинот Волфганг Шојбле, германскиот министер за финансии ми кажа дека сум ја изгубил довербата на германската влада. Кратко му одговорив дека таа доверба никогаш е сум ја немал, ниту пак мие гајле. Јас ја имам довербата на грчкиот народ. Попрво ќе си ја отсечам раката, отколку што ќе се согласам на условите на кредиторите, рече тој.

-Тоа што кредиторите им го прават на Грците има име-тероризам. Не присилија да ги затвориме банките за да ги преплашат луѓето. А кога луѓето се исплашени и плански им се внесува страв, тоа е тероризам. Тие се терористи, кажа за кредиторите екс министерот за финансии на Грција.

Шок и неверување кај грчката јавност после неговата оставка, поддршка во анкетите.

-Тој е потомок на Зевс. Најдобриот политичар што го имала Грција, се само дел од коментарите на жителите на Атина, Солун и другите грчки градови.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит