По масакрот во Врачар: 60 ученици се отпишаа од „Рибникар“, никој не сака да биде директор на ова училиште

Од:

Министерката за образование на Србија, проф. д-р Славица Ѓукиќ-Дејановиќ зборуваше за препораките што Министерството за образование ги даде до образовните институции пред почетокот на новата учебна година и колку трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ влијаеше на промената на образовен систем.

Министерката кажа дека Србија се уште закрепнува по тешката трагедија што се случи на 3 мај и дека кон средината на август годинава до училиштата биле испратени предлози како да изгледа новата учебна година.

– Моравме да научиме од трагедијата што ни се случи. Кабинетот на премиерот заедно со Министерството за образование и Институтот за ментално здравје работеа на насоките првите денови од учебната година да бидат во едукативен дух. Децата и наставниците мора да зборуваат, а не само да учат. Во оваа смисла, дадовме цел сет на предлози секое училиште да се прилагоди на своите потреби. Првата недела беше тематска, што значи дека учениците и соучениците ја избраа темата за таа недела за дискусија. Темите беа животна средина, достоинство, стоп за насилството – рече министерот.

Таа потсети дека просветните работници се тие кои ја креираат иднината на децата, па се осврна на трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ и нивниот почеток на учебната година.

– Поминавме многу време со тие деца. Прво, децата неколку дена порано отидоа во Фрушка Гора, ги избраа наставниците за кои сметаа дека треба да бидат со нив, а со нив имаа и психолози. Децата таму плачеа, разговараа и ја започнаа учебната година со спомени и планови за иднината. Велат дека тоа многу им значело – рече проф. д-р Ѓукиќ Дејановиќ.

Таа посочува дека голем е бројот на учениците кои решиле да се испишат од „Рибникар“.

– 60 ученици не одеа на училиште, отидоа во околните училишта. Наставниците се во особено тешки околности, мора да дојдат на работа добро подготвени. Едно време се чувствуваа сосема сами, едно време имавме проблем што никој не сакаше да биде директор на тоа училиште. Самото кажување на зборот „Рибникар“ беше како мина – рече проф. д-р Ѓукиќ Дејановиќ.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски