По изборите ќе се знаат партиските коалиции во Грција

Од:

Резултатот од изборите во Грција ќе ги одреди коалициите што ќе се формираат, изјави министерот за внатрешни работи Никос Вуцис за Скај радио.

– Одговорот ќе се најде само во изборните резултати. Имаме разумно расположение, очекување, амбиција и желба да се постигне апсолутно мнозинство, врз основа на тековниот изборен закон. Но, од овој момент па натаму, изборниот резултат ќе го покаже она што треба да се направи на ниво на Влада “, објасни Вуцис.

Изјавата на министерот за внатрешни доѓа во време кога централна тема во грчките медиуми се можните коалиции по изборите, претпоставките со кого ќе коалицира Сириза, и кој се ќе биде дел од новата грчка Влада.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит