По цели 12 години во Мостар ќе се одржат избори

Од:

Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина усвои предлог-закон за измени на Изборниот закон на БиХ, што се однесува на градот Мостар. Измените се усвоени по итна постапка, предлогот доби 14 гласови „за“ и еден „против“. Со измените се овозможува одржување на избори во поделениот град во јужниот дел на БиХ, првпат по 12 години.

Барањето за измени на Изборниот закон беше поднесено од пратениците на Партијата за демократска акција (СДА) и Хрватска демократска заедница БиХ (ХДЗ), откако лидерите на двете партии Бакир Изетбеговиќ и Драган Човиќ потпишаа два политички договори за изборите во Мостар и за измени на Изборниот закон.

Критики за Законот имаа само претставниците на мостарските Срби, кои беа исклучени од договорот, но прашањето е решено по нивниот состанок со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Договорот е постигнат по пресудата од Судот за човекови права во Стразбур.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

(ВИДЕО) Обезбедувач со голи раце совлада разбојник кој сакаше да ограби банка во Мостар

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он