По 13 години казна затвор за лидерот на Златна зора и пет поранешни пратеници за формирање криминална организација

Од:

Лидерот на Златна зора и пет поранешни пратеници од партијата, добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешното рочиште, судијката ги соопшти казните за сите 50 обвинети во судскиот процес.

Еден поранешен пратеник наместо 13 доби, 10-годишна затворска казна, додека пак за учество во криминална организација, поранешните пратеници добија од пет до седум години затвор.

Убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна.

Поконкретно, казните за водачите на криминална организација се:

Никос Михалољакос (лидер на Златна зора) – 13 години казна затвор и една година затвор и 1.000 евра парична казна за нелегално поседување оружје;

Илиас Касидиарис (поранешен пратеник) – 13 години казна затвор и една година затвор и 1.000 евра парична казна за нелегално поседување оружје;

Јанис Лагос (поранешен пратеник, а сега независен европратеник) 13 години казна затвор и една и пол година затвор и 1.600 евра парична казна за нелегално поседување оружје;

Илиас Панајотарос (поранешен пратеник) -13 години затворска казна;

Артемис Матеопулос (поранешен пратеник) – 10 години затворска казна;

Јоргос Герменис (поранешен пратеник) – 13 години казна затвор и една година затвор и 1.000 евра парична казна за нелегално поседување оружје;

Никос Папас (поранешен пратеник) – 13 години казна затвор и шест месеци затвор и 600 евра парична казна за нелегално поседување оружје.

Казните за водење криминална организација, согласно грчкиот закон се од пет до 15 години.

Од друга страна, за учество во криминална организација, поранешните пратеници Илиопулос и Грегу добија по седум години, Елени Заруља (сопруга на лидерот) и Барбарусис по шест годни затвор, а Михос пет години плус една година и 1.000 евра за нелегално поседување оружје.

Денешното 459 рочиште од почетокот на процесот пред пет и пол години, продолжува и ќе бидат соопштени вкупните казни, за оние кои се товарат за повеќе дела, а потоа адвокатите ќе имаат право на приговори и барање казните да бидат условни.

Во зависност од тоа дали дел од казните ќе бидат условни или не и дали ќе бидат поднесени жалби, ќе се знае кога осудените ќе бидат уапсени и пренесени во грчките затвори.

Би можело да ве интересира

Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Во САД реакции за упадот на изложбата на македонски уметник во Солун

Ана Ололовска

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски

Ана Ололовска

СИРИЗА Солун го осуди инцидентот на изложбата на Андреевски и бара полицијата да ги уапси сторителите

Горан Наумовски

Скерцос: Никаква толеранција за паравоени нацистички групи, за беззакокине и за заплашување на граѓаните