Плеврис: Нема да има промени во однос на европскиот сертификат

Од:

Европскиот сертификат останува регуларен документ, не се поставува прашање за негово укинување, прашањето е дали ќе го задржиме во целосната форма во врска со пристапот до одредени простори, рече министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Истакна дека целта на Владата е до почетокот на летото да има што е можно помалку ограничувања, но сепак сè ќе зависи од текот на пандемијата и одлуките на надлежната комисија на епидемиолози, а на есен укинатите мерки, одново би се разгледале.

-Било кои укинување на некоја од мерките ќе биде под услов да се преиспита на есен, кога околностите ќе бидат поинакви. Го разјаснуваме ова. Било кои промени што би се направиле во делот на сертификатите, односно во можноста за пристап на невакцинираните во просторите каде што сега е забрането за влезат, одново ќе се разгледаат, бидејќи пандемијата не е завршена, објасни Плеврис.

Министерот за здравство на Грција истакна дека подваријантата на омикрон побрзо се шири, меѓутоа и покрај зголемувањето на новите случаи и зголемувањето на хоспитализираните лица, не постои притисок врз здравствениот систем.

– Сметаме дека доколку продолжи ваквата состојба, односно да нема многу и сериозни заболувања од Ковид-19, како кон крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година, ќе продолжиме со деескалација на мерките, објасни Плеврис.

За невакцинираните здравствени работници кои се на принуден одмор до 31 март 2022 година согласно одлуката од пред неколку месеци, министерот за здравство рече дека ќе биде продолжена одлуката и по истекот на рокот и нема да можат да се вратат на работа доколку не се вакцинираат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот