Плевневлиев стави вето врз предлог-законот за бугарско државјанство

Од:

Бугарскиот претседател Росен Плевневлиев стави денеска вето врз предлог-законот според кој странците, подготвени да инвестираат најмалку 650.000 долари во бугарската економија, би добиле бугарско државјанство.

Плевневлиев го критикуваше предлогот, укажувајќи дека „оценката дали некому ќе му се одобри или не државјанство не може да биде засновано на финансиски аргументи“.

Бугарија, која во 2007 година и се придружи на ЕУ и која е најсиромашна членка на тој 27-член блок, се обидува да го запре силниот пад на странски директни инвестиции со 8,5 милијарди долари во 2008, на 2,3 милијарди долари во 2011 година.

Парламентот на земјата порано овој месец одобри тој предлог за давање државјанство. Претседателот Плевневлиев, кој со ставањето вето се спротивстави на својата владејачка партија, нема право по втор пат да стави вето на тој предлог.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме