Плевнелиев: За приемот во НАТО, ќе судиме по делата

Од:

Претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, прогнозира дека, најверојатно за околу две години, на следниот самит на НАТО ќе се отвори темата за приемот на нови држави.

„Им посакуваме успех на сите, но ќе судиме по делата. Ви поскауваме успех, дејствувајте здраво, ќе чекаме, зависи од вас. Бугарија има многу категорична и јасна позиција, ги прифаќаме сите кои покажуваат со зборови и дела дека ги споделуваат европските вредности и вредностите на НАТО“, изјавил Плевнелиев, запрашан за идното членство на Македонија во НАТО.

„Во однос на Македонија, која е најблиску до нас, Бугарија отсекогаш ја поддржувала нејзината евроатланска интеграција и сметаме дека таа треба да се реализира, но под некои услови. Прво, да се забрзаат одредени реформи поврзани со процесот на пристапување во НАТО, второ да се адресираат некои недостатоци кои се гледаат во секојдневниот живот поврзани со меѓуетничките односи во Македонија, владеењето на правото и односот кон медиумите и слободата на говорот“, рекол Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Младенов во Чикаго.

Медиумите во Бугарија пишуваат за НАТО самитот, и за Македонија. Според нив Македонија ќе може да размислува за влез во НАТО по 2014 година.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста

Рубио: САД бараат пет проценти одбранбени трошоци од сите членки на НАТО