Плевнелиев: Бугарската поддршка не е безусловна

Од:

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска повторно упати критики кон Македонија за, како што вели, „недостигот на добрососедски однос и за националистичка реторика“.

На средба со странски новинари во Софија, како што пренесуваат бугарските медиуми, Плевнелиев рекол дека поддршката на Бугарија на евроинтеграцискиот пат на Македонија не е безусловна. Според него, Извешатајот на ЕК не ја прикажува на вистински начин улогата на Македонија во регионалната соработка.

Софија не се согласува со заклучокот на ЕК дека односите меѓу Бугарија и Македонија претставуваат пример за добрососедска соработка и оти се перфектни.

Бугарскиот претседател истакнал дека жали поради „се поострата националистичка реторика, дискриминаторскиот став кон граѓаните кои се изјаснуваат како Бугари и за потешкотиите што ги имаат бугарските бизнисмени кои работат во Македонија“.

Критиките на Плевнелиев кон Македонија следуваат по размената на писма меѓу шефовите на дипломатиите на Бугарија и на Македонија Николај Младенов и Никола Попоски.

Младенов минатата недела во одговор на писмото на Попоски предложи три чекори за нормализација на односите меѓу двете земји, за да се осигура поддршката на Бугарија на македонската интеграција во ЕУ: потпишување спогодба за добрососедски односи и соработка, изградба на неопходна инфраструктура и создавање заеднички работни меѓувладини групи за подобрување на односите во клучните области.

Попоски ги оцени трите мерки како конструктивни и во согласност со предлозите што Македонија претходно и ги понудила на Бугарија. Во одговорот до Младенов, шефот на македонската дипломатија ја потврдува определбата за унапредување на добрососедските односи и за градење мостови на соработка со Бугарија, заедничка европска иднина, базирана на европските принципи и вредности и со почитување на меѓусебните чувствителни прашања.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов