Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев денеска ја закажа конститутивната седница на новоизбраното Народно собрание на Бугарија за 21-ви мај.
На изборите, најмногу пратеници освои конзервативната ГЕРБ на Бојко Борисов, но таа нема мнозинство за да може самата да формира влада, а останатите три парламентарани партии одбиваат да коалицираат со неа.
Втората по бројност парламентарна сила, Бугарската социјалистичка партија исто така ќе има потешкотии во собирање на потребното мнозинство.
Борисов вчера најави дека ќе иницира поништување на резултатите од парламентарните избори поради неправилности кои се однесуваат на откривањето на 350 000 фалсификувани гласачки ливчиња.