Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ се вакцинираше со бустер доза против коронавирусот. Тој преку објава на Твитер информираше за вакцинацијата.
Uz ranije preboljenje #COVID19 i dvije doze cjepiva, danas sam primio i #Booster dozu, u konzultaciji s liječnicima. Dodatna doza osobito je važna u okolnostima #Omicron. #CijepiSe i iskoristi #Booster za zaštitu od težih oblika #COVID19! pic.twitter.com/jb9mel6SWg
— Andrej Plenković (@AndrejPlenkovic) February 9, 2022
„Со претходно прележан Ковид-19 и две дози вакцина, денеска примив бустер доза, во консултација со лекарите. Дополнителната доза е особено важна во околностите со омикрон. Вакцинирајте се и искористете ја бустер дозата за заштита од потешки форми на Ковид-19“, напиша Пленковиќ на Твитер.