Андреј Пленковиќ изјави дека наскоро ќе се знае со кого ХДЗ ќе формира мнозинство.
„Чувството е одлично, 3-та победа по ред, и тоа убедлива, никој пред нас не успеа да го направи тоа. Презадоволни сме, уништен е „митот“ дека високата излезност не и одговара на ХДЗ. изјави претседателот Андреј Пленковиќ, објави ХДЗ на официјалната страница.
„Многу наскоро ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги веќе изборната ноќ, а денеска ги продолжуваме разговорите. Се оди добро, победниците ќе ја водат владата и во 3 мандат“, рече Пленковиќ, соопшти ХДЗ.
Неофицијалните резултати на ДИК по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките на медиумите, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, додека Реките на правдата собрани околу СДП добиваат 42 мандати.
Движењето Татковина е трето со 14 освоени мандати, Мост добива 11, а Моземо! 10 мандати.
ИДС и Независна платформа Север освоија по два мандата, а коалицијата Фокус-Република еден.