ПКК повеќе нема да прогласува еднострано примирје

Од:

Курдската работничка партија (ПКК) објави дека повеќе нема да објавува еднострано примирје, пишува турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Еден од раководителите на ПКК Џемаил Бајик за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјави дека ПКК повеќе нема да објавува еднострано примирје, со оглед на досегашното искуство на групата.

Претходно лидерот на прокурдската Демократска партија на народите Селхатин Демирташ ги повика бунтовниците безусловно да го остават оружјето.

Според Бајик Турција најпрво го забавила процесот за мир, а потоа и целосно го отфрлила и дека поради тоа повеќе нема да прифаќаат повици за разоружување.

Турските власти кон крајот на 2012 година започнаа преговори со лидерот на ПКК Абдулах Оџалан со цел да се стави крај на курдскиот конфликт.

Оџалан во март 2013 година прогласи примирје и нареди повлекување на борците во Северен Ирак во рамки на напорите за мирно решавање на проблемот. ПКК неколку месеци подоцна го прекина повлекувањето на борците, обвинувајќи ја Турција дека не презема реципрочни мерки.

Бунтовниците од ПКК во изминатите две години киднапирале вкупно 316 деца, меѓу кои 88 девојчиња, јави Анадолија.

Според податоци на Одделот за борба против тероризмот на турската полиција, децата се киднапирани во период од 22 август 2013 година до 22 август 2015 година. Информациите за киднапирањата се од родителите на децата.

Според податоците на турската полиција моментално во Турција се наоѓаат 2.500 борци на ПКК, додека уште 9.000 се надвор од турска територија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“