ПКК ќе користи дронови со експлозив во борбата против турските сили

Од:

Курдската работничка партија (ПКК) во Турција разработи нова тактика за напади врз турските сили за безбедност со дронови, натоварени со експлозив, пишува турскиот весник „Милиет“.

За таа цел во камповите на групата биле испратени голем број дронови, додава весникот, повикувајќи се на разузнавачки извори.

Оваа информација, според „Милиет“ била испратена на 21 јануари од Одделот за борба против тероризмот на полицијата до сите регионални дирекции.

ПКК планира да ги интензивира нападите на целата територија на Турција и за таа цел ќе користи и дронови со капацитет да носат тежина од 500 до илјада килограми. Дроновите ќе бидат снабдени со камери и ќе можат да бидат управувани на оддалеченот од 200 до 300 метри, предвидува планот.

Би можело да ве интересира

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски