Курдската работничка партија (ПКК) се закани на Турција со повеќе вооружени напади, пренесува МИА.
ПКК е поверојатно уште повеќе да го користи оружјето, отколку да се разоружи, изјави денеска раководителот на ПКК Мурат Карајлан.
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган минатата недела изјави дека во случај активистите на ПКК, кои се наоѓаат во кампови со Северен Ирак, го остават оружјето, тие би можеле да отидат во други земји.
Денеска ситуацијата на Блискиот Исток е многу сложена. Зошто треба да го оставиме оружјето? Ако сириските Курди не ги предвидеа сегашните настани и не создадоа одбранбена сила, тие денеска ќе беа во ужасна ситуација. Зошто ние треба да го оставиме оружјето во слична ситуација?, изјави Карајлан.
Сириските курдски партии неделава почнаа преговори за договор за повторно обединување и заеднички акции за постигнување на автономија во границите на Сирија.
Во изминатата година во Турција значително е зголемено насилството на курдските бунтовници.