Пицула: Србија го дестабилизира регионот

Од:

Сите земји кандидати или потенцијални кандидати од Западен Балкан очигледно минуваат низ период на внатрешни турбуленции интензивирани од пандемијата. Србија, како најголема од овие земји, заслужува посебно внимание во анализата на ситуацијата бидејќи своите внатрешни контроверзи и нерешени прашања од сопствената демократска транзиција често ги извезува во соседството и на тој начин го дестабилизира регионот, изјави за Вечерњи лист хрватскиот известувач за Западен Балкан Тонино Пицула.

Инаку, Пицула е меѓу осумте, од 705 европски парламентарци, потписници на писмото испратено до министерот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел и високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит, во кое се бара, како што велат, „конечно да реагираат и да го запрат Милорад Додик“. Како виновник за тензиите и лошата ситуација во Бих ја посочуваат Србија.

Во писмото објавено вчера, тие тврдат дека тензиите во БиХ растат и дека ги произведува пред се српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, „со блокирање на државните институции и постојана работа на отцепување со уривање на уставниот поредок на БиХ. .

Европските парламентарци тврдат дека ваквата политика на Република Српска „ќе ја загрози стабилноста на целиот Западен Балкан“, што, како што наведуваат, „може дури и да предизвика вооружени конфликти во некои области“.

Тврдат и дека на Балканот никогаш почесто не се споменувал зборот „војна“, а како виновник за тоа ја наведуваат Србија, која неодамна, како што велат, „на одреден начин му се заканувала на НАТО“.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он