Пицула: Блокадата на Макрон непланирано го врати фокусот на ЕУ на Западен Балкан

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за препораките за Западен Балкан Тонино Пицула вели дека францускиот претседател Емануел Макрон „направил грешка“ со блокирање на разговорите за пристапување во Тирана и Скопје, но и „постигнал нешто непланирано“ – а тоа е да се врати фокусот на ЕУ за проширувањето.

Пицула, во интервју за Дојче веле, укажува на фактот дека од „француската блокада“, односно условеноста на пристапните преговори на Република Северна Македонија и Албанија со реформата на пристапниот процес, сите големи институции на ЕУ, како и високи претставници на Унијата, ја поддржаа европската перспектива на Западен Балкан.

– Тоа е европската перспектива на Западен Балкан, имено политиката на проширување на ЕУ, таа е моќна алатка за стабилизирање на регионот, кој преживеал дури пет војни во последните триесет години, рече Пицула.

Покрај новиот претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, новиот министер за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и комесарот за проширување, Оливер Вархеји, кои јасно ставија до знаење на почетокот на мандатот за продолжување на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, Тонино Пицула исто така наведува значителна поддршка од земјите – членки на ЕУ.

Пицула вели дека големите членки на Унијата како Германија и Италија, но и помалите како Австрија, се свесни за важноста на политиката за проширување.

– Сите овие земји инвестираат во политички, економски и симболички капитал во проширувањето. Верувам дека внатрешните политички пресметки на францускиот претседател Макрон нема одеднаш да го променат нивниот фокус, рече Пицула за Дојче веле.

Тој изрази очекување дека 2020 година и самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб ќе го вратат кредибилитет и интензитет на политиката за проширување.

Тој повтори дека верува оти Република Северна Македонија и Албанија заслужуваат да започнат преговори и оти е прашање на кредибилитетот на Европската унија да им овозможи да започнат преговори под условите под кои тие го започнаа процесот.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ