Петр Павел: Балканот и понатаму е потенцијален извор на воени судири

Од:

Претседавачот со Воениот одбор на НАТО, генералот Петр Павел изјави дека Балканот се уште е потенцијален извор на воени судири и порача дека Северноатланскиот сојуз мора да поседува способност за спротивставување на противниците и одбрана за нејзините членки, како и поголема улога во борбата против тероризмот, јави Хина.

– НАТО мора да поседува способност, сила и ресурси за да ги одбие противниците и одбрана за нејзините членки од каква било закана, изјави синоќа во Сплит, генералот Павел на прес-конференцијата по целодневната конференција на Воениот одбор на НАТО.

Хрватската агенција наведува дека Павел предупредил на опасност на Балканот оценувајќи дека ситуацијата во тој дел на Европа е „далеку од стабилна“, истакнувајќи дека на „Балканот му се заканува исламски тероризам, но и руско влијание“.

– Босна и Херцеговина би можела да стане упориште на тероризмот, истакна Павел, кој на прашањето како го проценува развојот на бегалската криза за оваа есен, нагласи дека не очекува големи бранови на бегалци како што се случи минатата година.

Претставувајќи ги заклучоците од конференцијата, генералот укажа дека состанокот во Сплит бил можност да се соберат началниците на генералштабовите на земјите членки на НАТО, два стратешки НАТО команданти, како и претставникот на Црна Гора, кој доби покана за членство во Алијансата, со цел да разговараат за спроведувањето на одлуката која претседателите на државите и владите ја донесоа на самитот на НАТО во Варшава во јули.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ