Петков се надева дека ќе Парламентот во Софија ќе гласа за испраќање воена помош во Украина

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска изјави дека се надева парламентот во Софија следната недела да донесе одлука за испраќање воена помош за Украина.

„Не можеме да бидеме рамнодушни. Не можеме да кажеме дека ова е украински проблем, не можеме да кажеме дека некои луѓе умираат без да се интересираат за тоа“, изјави Петков за време на посетата на украинскиот град Бородјанка.

Тој го критикуваше аргументот на некои политичари во Бугарија кои тврдат дека неиспраќањето воена помош за Украина ќе придонесе за побрз мир.

„Ако ова е цената на мирот, ако руската држава продолжи да пука и никој не може да се одбрани, дали е ова мирот што го сакаме?“,додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме