Петков: Нема да предложам влада доколку се врати хартиеното гласачко ливче

Од:

Копретседателот на „Промените продолжуваат“ (ПП), Кирил Петков, денеска во бугарското Народно собрание коментираше дека тие како втора по големина пратеничка група нема да предложат малцинска влада со нивниот втор мандат, откако јасно кажале дека не сакаат да го вратат во употреба гласачкото ливче во хартиена форма, јави дописникот на МИА од Софија.

Пратениците во бугарскиот Парламент денеска расправаат и гласаат во второ читање за измените во Изборниот законик, меѓу кои е и враќањето на мешовитото гласање.

Според Петков, доколку денеска помине гласањето за хартиеното гласачко ливче, тоа значи дека 48. Народно собрание на Бугарија ја става во преден план теснопартиската задача на ГЕРБ, Движењето за права и слободи и БСП да го украдат чесниот глас на бугарските граѓани и земјата да ја вратат на неважечките ливчиња, што во 2015 година беа 15 отсто.

Според него, доколку тоа се случи, тоа за нив како „Промените продолжуваат“ ќе значи дека нема желба да се формира нова бугарска Влада.

-Затоа што нема шанси таков парламент, што го поддржува хартиеното ливче, тогаш да поддржи малцинска Влада која е антикорупциска, објасни Петков.

Тој кажа и дека за вториот мандат јасно кажале дека за да предложат влада бараат девет гаранции, од кои една е отфрлање на хартиеното гласачко ливче и дека доколку се испочитуваат овие девет гаранции, тие и „Демократска Бугарија“ ќе ја преземат тешката одговорност да се снаоѓаат во текот на зимските месеци.

Петков посочи дека досега ГЕРБ не прави ништо за формирање влада со првиот мандат и наместо да води коалициски преговори, Националното собрание продолжува да се занимава со хартиеното гласачко ливче.

-Веќе минаа два месеца од предвремените парламентарни избори во Бугарија, а нема никаков успех, поради што вчера кажаа дека се „политички импотентни“ – нула напредок два месеци, објасни поранешниот бугарски премиер.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски