Петков: На 20 март ќе биде можно да се укинат ковид ограничувањата во Бугарија

Од:

Бугарија влегува во втора и трета фаза од пандемијата, а се очекува земјата за краток период да стигне до првата фаза, што значи дека наскоро цела Бугарија ќе биде во зелената зона, изјави премиерот Кирил Петков.

Според Петков, до 20 март ќе може да се укинат сите ограничувања во земјава, а зелениот сертификат ќе остане единствениот актуелен документ што ќе важи во европската регулатива за патување.

Од 24 февруари, првиот чекор е секој објект во Бугарија да дозволи влез за лица без зелен сертификат, но за вработените ќе остане условот за зелен сертификат.

Во образовните центри и училиштата ќе биде дозволено да учат до 12 деца.

Следниот битен датум е 5 март – доколку дотогаш работите се развиваат позитивно, посети без зелен сертификат ќе бидат можни на активности и услуги во објекти од јавен интерес, изјави Ангел Кунчев.

На 20 март ќе може да се соопшти дека посетите на дејности и услуги се одвиваат без сертификат, како и без потврда за персонал. Зелениот сертификат ќе важи се додека лицето, кое сака да патува, со него ќе му се обезбедува олеснет режим на патување, изјави главниот санитарен инспектор на Бугарија Ангел Кунчев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме