Петков: Бугарија се уште нема добиено цена за новите осум американски авиони Ф-16

Од:

Премиерот на Бугарија Кирил Петков изјави дека досега неговата земја нема добиено понуда за купување на 8 американски ловци Ф-16. Тој додаде дека се уште не се знае колку Бугарија е подготвена да плати за авоните и за тоа отсега ќе се разговара. Како што јави дописникот на МИА од Софија, американската влада на 4 април објави дека одобрила продажба на осум нови ловци Ф-16 Блок 70 на Бугарија за зајакнување на безбедноста на земјите-членки на НАТО поради руската војна во Украина.

Премиерот Петков рече дека во Софија се уште нема понуда и воопшто не знае какви се условите.

Амбасадата на САД во Бугарија соопшти дека се уште никој не зборувал за цената на новите воени авиони. Претседателот на Бугарија Румен Радев вчера изјави дека новите осум американски авиони најверојатно ќе бидат по иста цена како и првите осум во 2019 година, односно околу 2,7 милијарди долари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?