Петчлено семејство од Турција завршило во нишката болница, сите се затруле со храна

Од:

Пет членови на турско семејство вчера завршиле во Клиничкиот центар во Ниш откако се затруле јадејќи најверојатно сендвичи кои биле сместени во рачен фрижидер. Познато е дека тие патувале низ Србија, враќајќи се од Турција во земјата на ЕУ каде живеат и работат, кога одеднаш им се слошило.

-Татко и мајка од Турција и нивните три сина од седум, осум и девет години застанаа на паркинг во близина на Ниш за да се одморат од патот, да се освежат и да јадат. Јаделе храна што ја подготвиле и ја донеле со себе, а која била во рачен фрижидер што го носеле со себе. Најверојатно се работи за сендвичи. Во Клиничкиот центар во Ниш дошле со класични симптоми на труење со храна – повраќање и дијареа – известуваат локалните медиуми.

Сите хоспитализирани пациенти се добро и стабилни.

Сопружниците и децата се во стабилна здравствена состојба и не се опасни по живот – велат од Клиничкиот центар во Ниш.

Би можело да ве интересира

Неколку смртни случаи за време на прекинот на електричната енергија во Шпанија

Изет Меџити го крие труењето на народот со олово, арсен и цијанид во Крива Река, велат од Левица

Горан Наумовски

Драма во Ниш: Осум лица отруени со амонијак, имаат респираторни проблеми и главоболки

Трагедија во БиХ: Тројца починаа од труење со јаглерод моноксид

Горан Наумовски

Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети

(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Горан Наумовски