Пет прашања на кои денеска ќе одговори момчето убиец – ќе се реши ли клучната мистерија?

Од:

Момчето убиец (14), осомничено за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, по наредба на Вишото јавно обвинителство во моментов е на распит на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци, а исказ дава во постапка против неговиот татко Владимир Кечмановиќ кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.

Ако одговори на сите прашања, можеби ќе се разоткрие една од клучните мистерии во ова страшно злосторство, а тоа е како момчето дошло до оружјето на неговиот татко со кое го извршил масакрот.

Според неофицијални информации, 5-те прашања на кои треба да одговори се:

Дали татко му го малтретирал?
Каков бил односот во семејството, помеѓу мајката, таткото и сестрата?
Дали татко му го однел на стрелиште?
Дали го научил да пука?
Дали му ја дал шифрата на сефот со пиштолот?

Има сомнение дека Владимир Кецмановиќ го чувал оружјето непрописно, како и дека го обучувал својот син како да ракува со него.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски

Му рекол на синот дека е психопат, а го носел на стрелиште – детално образложение за пресудата против семејството Кецмановиќ

А1он

Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

А1он

Пресуда за родителите на момчето убиец од Србија – се бара максимална казна

А1он

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски