Момче уби девет ученици и училишниот чувар – две години од масакрот во „Рибникар“

Од:

Одбележувањето на втората годишнина од трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград започнува утре со прекин на програмите на сите телевизии во 8 часот и 40 минути, кога момчето убиец ја започна својата крвава гозба.

На 03.05.2023 година во утринските часови 13-годишен ученик од седмо одделение на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград изврши вооружен напад во своето училиште.

Нападот е извршен со пиштол што го одзел од семејната куќа, регистриран на неговиот татко.

За време на нападот уби девет ученици и еден чувар, а рани уште пет ученици и еден професор по историја. Нападот бил однапред испланиран: момчето имало список на жртви и скица од училиштето со планирани влезови и излези.

Мотивот за злосторството никогаш не е целосно разјаснет, но истрагата покажа дека ученикот дејствуваше ладнокрвно, без знаци на каење.

По нападот тој самиот повика полиција и се предаде.

Заради возраста, според тогашните закони на Србија, ученикот не одговараше кривично (нема 14 години), што предизвика голема дебата во јавноста за одговорноста на малолетниците, семејното образование и безбедноста во училиштата. Неговиот татко е уапсен и кривично гонет поради несовесно поседување оружје.

По повод втората годишнина од трагедијата, таткото на убиеното девојче Анџелина Аќимовиќ – Анѓелко Аќимовиќ зборуваше за злосторството што ја потресе Србија и регионот.

„Родителите, а подоцна и граѓаните, ќе имаат можност да положат цвеќе на местото на страдањето. Потоа одиме во паркот Ташмајдан, во градината посветена на децата кои настрадаа. Ќе има настан на кој сите заинтересирани, и деца и возрасни, ќе можат да ги напишат доблестите на секое дете на птиците кои ја симболизираат слободата“, рече Аќимовиќ.

Би можело да ве интересира

Затворски казни за родителите на масовниот убиец Коста Кецмановиќ

Горан Наумовски

Морничава е врската на Коста Кецмановиќ со родителите – за татко му тој е психопат, а мајка му верувала дека ќе биде бездомник

А1он

Мајка на девојче убиено во „Рибникар“: Kога ќе ги видите родителите, не е чудо што нивниот син го стори тоа злосторство!

А1он

Родителите на жртвите од „Рибникар“ повторно лице в лице со родителите на убиецот Коста Кецмановиќ

А1он

Три години од масакрот во „Рибникар“, убиецот е во институција, на неговите родителите сè уште им се суди

Горан Наумовски

Родителите на детето убиец од „Рибникар“ треба да и платат отштета на повредената наставничка

Катерина Ѓуровски