Пецас: Европерспективата на Западен Балкан е и во нивни и во наш интерес

Од:

Ние секогаш сме за европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, изјави портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

– Ние секогаш сме за европската перспектива на Западен Балкан, на сите земји. И во нивни и во наш интерес е да имаат европска перспектива и постепено да се упатуваат кон членство во Европската унија, рече Пецас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговарајќи на новинарско прашање дали по ветото од Франција е доведена во опасност „ерга омнес“ употребата на името на нашата земја, Пецас објасни дека „тоа зависи од волјата на другите“ и додаде дека тоа е уште еден аспект на Договорот од Преспа што укажува на нивниот став дека станува збор за „штетен договор“.

– Придржувањето кон овој Договор и тоа за клучно прашање, како што е почитувањето на принципот „ерга омнес“, зависи од волјата на другите. Сфаќате дека овој аспект е уште еден аспект што укажува зошто ние велевме дека овој договор е штетен договор. И ова е уште едно прашање кое ќе треба да го види секој оној кој со критичко расположение го гледа Договорот од Преспа и да ја разбере нашата политика кога велиме дека сакаме да подобриме некои аспекти од договорот. За ова, ќе сториме сѐ, секако, поддржувајќи ја европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, рече Пецас.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски