Павлопулос: Не прифаќаме своеволни и иредентистички толкувања на Преспанскиот договор

Од:

Грција сака да воспостави добрососедски односи со Македонија, но нема да прифати своеволно толкување на договорот за името, изјави грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

„Ако договорот дојде до ратификација, ние нема да прифатиме своеволни, па дури и иредентистички толкувања на Преспанскиот договор“, рече Павлопулос пред грчките претставници кои работат во европските институции, говорејќи во Брисел.

Шефот на државата посочи дека Грција ги поздравува изгледите за пристапување на Македонија кон НАТО и ЕУ, сѐ до решавање на спорот за името.

„Само кога целиот процес ќе биде завршен и утврдиме дека уставната ревизија содржи гаранции, тогаш може да има покана за прием во НАТО, како и започнување на преговорите за пристапување кон Европската Унија“, додаде грчкиот претседател.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната